Достапни линкови

27 загинати и 270 ранети во експлозиите во Захедан - Иран


Бројот на загинати во вчерашните две експлозии во југоисточниот дел на Иран се зголеми на 27 лица, а на ранетите на 270 биле ранети, соопштија иранските власти. Станува збор за најсмртоносен напад во последниве години во Иран. Нападот е извршен покрај една шиитска џамија Захедан во покраината Систан - Балучистан на границата со Пакистан. Одговорноста ја превзеде сунитската организација Џундалах која тврди дека се бори за правата на балучкото малцинство во Иран. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги осуди нападите.
XS
SM
MD
LG