Достапни линкови

logo-print

Позитивен извештај или критики?


Кетрин Ештон. Ќе ги види ли Европа сите услови исполнети?

Кетрин Ештон. Ќе ги види ли Европа сите услови исполнети?

Критики или позитивен извештај за евроинтеграциите? Kаква оценка ќе добие Македонија на седницата на Советот за стабилизација и асоцијација?

На претстојната седница на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Европската унија опозицијата и експертите очекуваат критики, а од владата се надеваат дека земјата ќе добие позитивен извештај. Македонија доби од Брисел неколку задачи кои до тогаш треба да бидат исполнети, а тоа се реформите во администрацијата, судството, енергетскиот сектор, унапредување на политичкиот дијалог. Евидентно е дека во многу сфери не само што нема напредок, туку има и застој, а одговорноста е само кај владата, вели Андреј Петров од СДСМ.
Сето тоа како забелешки со остри реакции доаѓа од ЕУ и веројатно ќе биде преточено во некаков акт на самиот состанок што мислам дека е само доказ дека Македонија оди во погрешна
насока.


„Сето тоа како забелешки со остри реакции доаѓа од ЕУ и веројатно ќе биде преточено во некаков акт на самиот состанок што мислам дека е само доказ дека Македонија оди во погрешна насока.“

На седницата ќе се осврнат на клучните прашања, кои сепак ќе бидат во сенка на прашањето со името, вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

„Мислам дека ќе има одредени критики, но не очекувам дека тие критики ќе бидат жестоки поради самиот факт што сепак Унијата очекува Македонија да го реши проблемот со името.“

Граѓаните ја прославуваат препораката на ЕК за преговори со Македонија за членство во ЕУ, лани во октомври



Евроинтеграциите и се приоритет на државата и ние работиме на остварување на таа цел, а тоа се исполнување на дадените реформи и изнаоѓање на решение за спорот со името со Грција, вели Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Во тој дел се прават сите напори и верувам дека сето тоа ќе биде позитивно оценето и дека ќе биде одмерени сите оние постигнувања што се направени во Македонија.

„Во тој дел се прават сите напори и верувам дека сето тоа ќе биде позитивно оценето и дека ќе биде одмерени сите оние постигнувања што се направени во Македонија.“

Петров вели дека владата е таа што интеграцијата на Македонија ја става на второ место, а приоритет им е пи-ар стратегијата, како што е анкетата за евроентузијазмот и евроскептизимот меѓу граѓаните во земјава.

„Необјасниво е да со сериозни работи за државата се игра мајтап на тој начин што Секторот за евроинтеграции, тој што треба да ја води интеграцијата на земјата, ќе нарачува анкети во кој ќе шири евроскептицизам. Тоа е глупаво, но тоа е нашата реалност.“

И Биљали вели дека на тој начин Владата води провидна политика со која мислат дека допринесуваат во зајакнување на позициите на Македонија во преговарачкиот процес.

„Тука јас мислам дека се во грешка, во заблуда тие што мислат дека така се зајакнуваат позициите.“

Експертите велат дека заклучоците од седницата ќе имаат големо влијание врз годишниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, но без решавањето на проблемот со името неможе да започнат преговорите за членство во Унијата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG