Достапни линкови

logo-print

ЕСИ - членство за Македонија во ЕУ па промена на името


Промена на името откако Македонија ќе стане членка на Европската унија, е предлогот на Иницијативата за европска стабилност ЕСИ, за ставање крај на дведеценискиот грчко-македонски спор за името и блокадата на македонската евро и евроатлантска интеграција.
Воедно со предлогот, објавен на Еуроактив а пренесен и од грчките медиуми, се предвидува дека ако поради некоја причина Скопје никогаш не се приклучи кон ЕУ тогаш никогаш нема да го смени своето име.
Според претседателот на ЕСИ Гералд Кнаус, она што го прави овој предлог уште поатрактивен, а што може да помогне и за успешност на референдумот што ќе биде распишан во Македонија, е Грција да вети дека ќе се согласи северниот сосед да влезе во НАТО под привремената референца.
Ваквиот предлог ќе им овозможи на лидерите на двете земји да прогласат победа.
XS
SM
MD
LG