Достапни линкови

logo-print

Европа ќе биде посилна по завршувањето на грчката криза


Европа е единствена во напорите за надминување на последиците од должничката криза на Грција и од неа ќе излезе посилна од кога и да било досега, изјави денеска во Токио францускиот премиер Франсоа Фијон.
Во обраќањето пред група бизнисмени во јапонскиот главен град, Фијон нагласи дека иднината на Европската унија и на нејзината заедничка валута еврото не е загрозена и покрај сериозноста на кризата.
Должничката криза на Грција е класичен проблем со долг, кој според Фијон, и не претставува показател за суштинска слабост на еврото.
XS
SM
MD
LG