Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат координациите во Собранието


За денеска во 11 часот во Собранието на РМ е закажана нова координација на која опозицијата и владејачкото мнозинство треба да продолжат да работат на спорните прашања во врска со составот на Анкетната комисија за неодамнешниот инцидент и за Деловникот. Вчера и покрај тоа што СДСМ и НСДП го прифатија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одлуката за формирање анкетна комисија, попладнето опозицијата ја напушти координацијата на пратеничките групи во Собранието бидејќи, како што образложија, претседателот на Парламентот ја заклучил точката без да се утврди персоналниот состав на комисијата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по координацијата најави дека како компромис предлага за составот, како трета точка на координацијата, да се разговара откако ќе биде постигната согласност за Деловникот.
XS
SM
MD
LG