Достапни линкови

Во Косово ЕУЛЕКС претресувале канцеларии


Полицијата на ЕУЛЕКС извршила претрес на неколку канцеларии на компанијата Косовски пошти и телекомуникации, како и на станот на нејзиниот директор Шукири Хаџа, во потрага по докази за корупција.Некои од претресите биле поврзани со лиценцата на телекомуникацискиот сектор, за кои постои сомневање дека биле издадени преку измама на приватната компанија Дардафон. Извршен е и претрес на канцелариите на Дардафон и на две други компании, поврзани со зделката. Компанијата Косовски пошти и телекомуникации е најпрофитабилната државна компанија на Косово, а косовските власти планираат да ја приватизираат во обидот да привлечат странски инвестиции.
XS
SM
MD
LG