Достапни линкови

logo-print

Германија и Русија потпиша договори вредни милијарди евра


Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитри Медведев денеска во рускиот град Екатеринбург потпишаа низа трговски договори , вредни повеќе милијарди евра. Едниот од договорите е меѓу германската фирма Сименс и руската железница, кој е вреден околу 2, 2 милијарди евра. Сименс треба да обезбеди повеќе од 200 нови возови за Русија но и 54 возови за зимската олимпијада која ќе се одржува во Сочи. Германија е првиот трговски партнер на Русија , а размената меѓу овие две земји достигнала до 12 милијарди евра во првиот квартал од годинава. Меркел и Медведев разговарале и за односите меѓу Русија и ЕУ, за меѓународните прашања. Меркел од Русија , ќе патува во Кина
XS
SM
MD
LG