Достапни линкови

Франција со подршка за Грузија


Министерот за надворешни работи на Франција ја обвини денеска Русија дека не го почитува договорот за прекин на конфликтот со Грузија, и повика Москва да ги повлече своите војници на позициите кои ги имале пред конфликтот. Министерот Бернард Кушнер го изјавил тоа на заедничката прес конференција со грузискиот претседател Михаил Саакашвили. Тој исто така ја повтори француската подршка за Грузија и изјави дека Јужна Абхазија и Осетија се грузиски региони и Франција ќе дава подршка повторно да бидат грузиски. Русија ги призна двата региона како независни држави.
XS
SM
MD
LG