Достапни линкови

logo-print

Атина чека на Скопје следен чекор за името


Нема нови иницијативи од медијаторот Метју Нимиц, а нема ни услови за тоа се додека не дојде соодветен одговор од Скопје, изјавил портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григори Делавекурас на вчерашниот брифинг со новинари во Атина. Тој изјавил дека Атина е цврсто решена да се најде решение за името што е можно побргу. Тие бараат раководството во Скопје да одговори на грчката отвореност и да дојде на преговорите што се водат во ОН со конструктивни позиции со цел да најде решение.

XS
SM
MD
LG