Достапни линкови

ЦИА му платила 5 милиони долари на иранскиот научник Амири


Американската разузнавачка агенција ЦИА му платила пет милиони долари на иранскиот нуклеарен научник Шахрам Амири за информации за иранската нуклеарна програма. Ова денеска го објавува весникот Вашингтон тајмс. Амири кој тврди дека пред една година бил киднапиран од американски агенти, денеска се врати во Иран. Тој притоа изјави дека му биле понудени 50 милиони долари за да остане во Соединетите држави, но оти тоа го одбил. Амри вели дека не располагал со доверливи информации.
XS
SM
MD
LG