Достапни линкови

Разговори Клинтон, Жбогар


Ситуацијата на Западен Балкан била една од темите за кои синоќа во Вашингтон разговарале американскиот државен секретар Хилари Клинтон и словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар. Тој, како што јавува МИА, рекол дека со Клинтон, која по средбата не дала изјава, се согласиле оти сега е моментот меѓу Скопје и Атина да биде постигнат договор за решение на спорот околу името. ,,На тој начин на Македонија во ноември би и бил упатен повик за членство во НАТО, а во декември би ги почнала пристапните преговори со Европската унија,, ијавил Жбогар.
XS
SM
MD
LG