Достапни линкови

logo-print

Меркел во Русија


Германскиот канцелар Ангела Меркел пристигна во Екатеринбург на Урал, каде што германски и руски фирми ќе потпишат повеќе договори за јакнење на економската соработка меѓу двете земји. Германија и е најголем трговски партнер на Русија, а нивната годишна размена изнесува околу 60 милијарди долари. Меркел и рускиот претседател Дмитри Медеведев, како што е соопштено, ќе разговараат и за иранската нуклеарна програма, за Авганистан, но и за односите меѓу Европската унија и Русија.
XS
SM
MD
LG