Достапни линкови

logo-print

Разговори меѓу воени лица на САД и Северна Кореа


Во Панмунџом, на границата меѓу Северна и Јужна Кореа денеска се одржа 90 минутен состанок меѓу американскиот полковник Курт Тејлор кој ја има командата на силите на Обединетите нации на Корејскиот полуостров и севернокорејскиот полковник Пак ки Јонг. Тоа е прва средба од март годинава кога беше потопен еден јужнокорејски брод за што беше обвинета Северна Кореа. Денешната средба е со цел да го отвори патот за продолжување на разговорите меѓу двете страни на повисоко ниво.
XS
SM
MD
LG