Достапни линкови

Либискиот брод со помош за Палестина пристигна во Египет


Либискиот брод кој пренесува помош за Палестинците пристигна на пристаништето во Египет, кое е околу 45 километри одалечено од границата со Газа. Бродот кој имаше намера да вплови во Газа, го смени курсот откако израелската морнарица соопшти дека го следи и набљудува неговиот правец. Станува збор за молдавската Амалтеа спонозирана од Либија со пратка хуманитарна помош во сопственост на групацијата со која претседава синот на либискиот лидер Муамер Гадафи. На бродот имало 2.000 тони помош за Газа, 12 членови на екипажот и 15 про-палестински активисти. Израел соопшти дека помошта ќе биде транспортирана кон Газа.
XS
SM
MD
LG