Достапни линкови

Караџиќ-во Република Српска немаше етнички чисти места


Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ изјави денеска во Хаг дека до крајот на војната во Босна и Херцеговина на територијата која била под контрола на српските сили немало ниту едно етнички чисто место и дека во Муслиманско-хрватската федерација од крајот на септември 1992 година не опстанало ниту едно српско село. Поранешниот министер за внатрешни работи во БИХ и подоцна министер за правда на Република Српска, Момчило Мандиќ, кој е сведок во случајот против Караџиќ, исто така изјави дека во РС немало етнички чисти места.
XS
SM
MD
LG