Достапни линкови

Затлерс:Потребен компромис за влез во ЕУ


Понекогаш се потребни компромиси за да се оствари стратешката цел-членство во Европската Унија, порача претседателот на Латвија Валдис Затлерс при денешната посета на Македонија. Тој на македонскиот претседател Ѓорге Иванов му ја понудил помошта и искуството на Латвија на патот кон Унијата. Двајцата претседатели, на својата трета средба разговарале за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Затлерс изјавил дека ќе иницира воведува на авионска линија Скопје – Рига, која според него, позитивно ќе влијае на развојот на бизнисот, комуникацијата меѓу двете земји и туризмот.
XS
SM
MD
LG