Достапни линкови

Ќе се формират локални полициски сили во Авганистан


Авганистан денеска го одобри формирањето на локални селски полициски служби. Од кабинетот на претседателот Хамид Карзаи соопштуваат дека локалните полициски сили ќе бидат под команда на Министерството за внатрешни работи. Сите оние сили кои се надвор од командата на министерството ќе бидат сметани за бунтовници. Одобрувањето дојде на состанокот на Советот за национална безбедност, со кој претседаваше Карзаи. Прашањето за безбедносните сили е спорно во Авганистан, затоа што во парламентот има пратеници кои имаат свои приватни армии и „полициски“ сили.
XS
SM
MD
LG