Достапни линкови

Несразмерно апсење на виновници за немирите во Киргистан


Народниот правобранител на Киргистан изјавил дека тим составен од киргистански активисти за човекови права ги посетиле притворениците во градот Ош кои се приведени при акцијата да се откријат виновниците за минатомесечните немири во земјата. Тој во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека од приведените 80 проценти се етнички Узбеци а 20 проценти Киргизи, но неможе да потври дали тие се мачени како што наведуваат други организации. Претходно Амнести интернешнал предупреди дека несразмерното приведување може да додведе до нови етнички судири. Од организацијата соопштуваат дека имаат докази дека киргистанските власти мачеле притворените Узбеци.
XS
SM
MD
LG