Достапни линкови

Поранешен бугарски премиер обвинет за исчезнување на доверливи документи


Бугарското обвинителство денеска покрена обвинение против поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев за исчезнување на седум доверливи извештаи за време на неговиот мандат. Станишев, кој беше бугарски премиер од 2005 до 2009 година, а сега е лидер на опозициската Социјалистичка партија, ги опиша обвиненијата како политички мотивирани. Доколку судот го потврди обвинението, Станишев би можел да биде осуден на две години затвор или со парична казна.
XS
SM
MD
LG