Достапни линкови

logo-print

Во верски судири во Нигерија, 8 мртви


Во верските судири меѓу христијаните и муслиманите на истокот на Нигерија загинале 8 луѓе, а 40 се повредени,јавуваат тамошните власти. Во немирите се запалени и неколку џамии и една цркава. Судирите меѓу младите христијани и муслимани почнаа синоќа поради изградбата на една џамија во градот Викарија во нигериската држава Тараба. Христијаните ја уништиле џамијата, по што муслиманите запалиле една црква. Тараба е една од 36-те држави во Нигерија во која живее претежно христијанско население.
XS
SM
MD
LG