Достапни линкови

Тодоров ќе ја почитува одлуката на Уставен, иако е чудна


Како министер ова решение ќе го почитувам, но како правник ми е чудно, изјави министерот за образование и наука, Никола Тодоров. Неговата изјава е коментар на денешната одлука на Уставниот суд да го укине неговото решение за изучување на македонскиот јазик од прво одделение кај немнозинските заедници .Министерот изјави дека со таа одлука немале намера некому нешто со сила да наметнат во образованието, туку напротив со неа сакале да постигнат едно повисоко ниво на интеграција и истата била во функција на мулткултурноста на државата.
XS
SM
MD
LG