Достапни линкови

Осум американски војници убиени во Авганистан


Осум американски војници и неколку цивили биле убиени во јужниот дел на Авганистан во текот на изминатите 24 часа. Доцна синоќа , самоубиец со автомобил-бомба нападна полициска станица во Кандахар. Тројца американски војници, еден авганистански полицаец, и пет цивили се убиени во нападот. Уште четворица американски војници се убиени денеска во експлозија на бомба во јужниот дел, додека еден американски војник загинал во престрелка. Околу 45 меѓународни војници, најголемиот број од нив Американци, се убиени во Авганистан овој месец

XS
SM
MD
LG