Достапни линкови

logo-print

Кодекс за однесување на пратениците


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе достави Кодекс за однесување до пратениците заради обезбедување достоинствено, транспарентно и совесно вршење на функцијата. Со Кодексот се уредуваат стандардите за однесување на пратениците во Парламентот но и надвор од работното место и време. Предлог Кодексот Вељаноски ќе им го достави на координаторите на групите на денешната средба на која треба да се договорат за формирање на анкетна комисија за инцидентот од 1 јули и за собранискиот Деловник.
XS
SM
MD
LG