Достапни линкови

САД му го испорачаа на Ирак поранешниот заменик премиер


Американските власти му го предале на Ирак поранешниот заменик премиер Тарик Азиз и уште 55 други соработници на поранешниот режим на Садам Хусеин. Трансферот го потврдуваат и од американска страна и властите во Ирак. Адвокатот на Азиз изјавил дека сега животот на неговиот клиент е во опасност. Азиз беше назначен за заменик-премиер во 1991 година кога земјата беше под режимот на Садам Хусеин. Тој минатата година беше осуден на 15 години затвор за убиство и за неговата улога во протерувањето на Курдите од северот на земјата.
XS
SM
MD
LG