Достапни линкови

logo-print

Антитерористичка операција во Турција


Пет илјади турски војници учествуваат во антитерористичката операција во југоисточна Турција, во близина на границата со Ирак. Во операцијата учествуваат и специјални единици, полицијата, хеликоптери и борбени возила. Турските сили имале судир со група членови на Курдската работничка партија. Инаку турскиот министер за одбрана соопшти дека имаат планови да формираат специјано обучена единица која ќе се справува со курдските бунтовници. Таа единица ќе биде распоредена долж границата со Ирак, каде се наоѓаат засолништата на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG