Достапни линкови

logo-print

Безвизен режим со ЕУ за БиХ и Албанија до крајот на 2010?


Специјалниот известувач на Европскиот парламент за визна либерализација за Босна и Херцеговина и Албанија Тања Фајон, изјави дека укинувањето на визите за тие земји би можело да се очекува оваа есен, а сигурно пред крајот на годината доколку се исполнат условите.
Во БиХ тоа би требало да се случи по изборите и тешко дека тоа ќе биде пред ноември, смета Фајон.
Таа во својот последен нацрт-извештај ги потсетува сите европски институции дека при одобрувањето на безвизниот режим за Македонија, Србија и Црна Гора, се обврзале дека прашањето за визна либерализација за БиХ и Албанија ќе се решава под ознаката „итно“. Од Тирана и Сараево е побарано да ги забрзаат реформите во правосудството и да вложат поголеми напори во борбата против организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG