Достапни линкови

Македонскиот тенис најслабо рангиран


Тениски терен

Тениски терен

Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона.

Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона. Тоа е епилогот по поразот од Унгарија во бараж дуелот од Втората Евро - Африканска зона, по кој се вративме онаму каде што беше до април 2005 - та. Тогаш за година и половина прескокнавме два ранга, ги победивме Норвешка, Грција, Финска, Луксембург и Летонија, се боревме и за влез во најквалитетната Светска група, три години бевме хит во меѓународни рамки, а се искачивме и на 31-вото место во светот. Но, од
После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено
лани колата тргна низбрдо, па сега повторно сме на дното. Реалност која е непријатна, но не и неочекувана, кога се знае дека сиве овие години се зависеше само од Предраг Русевски и Лазар Магдинчев, кои многупати се надминаа во дуелите со пореномираните противници. Сепак, тоа не можеше да трае вечно, па, според селекторот Дејан Маринковиќ:

„После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено и тие неможеа благовремено да го преземат големиот товар за натпреварување.“


Ако има нешто добро од преселбата во конкуренцијата од која нема испаѓање, тогаш тоа е можноста за подмладување на селекцијата, која сега без притисок ќе се обиде да се врати на патот на успехот. Кормиларот посакува тоа да се случи час поскоро, но, и признава дека ќе биде многу тешко без силна конкуренција за репрезентативниот дрес. Со тој проблем македонскиот тенис се соочува подолго време и доколку наскоро нешто не се промени, можно е ново еднодецениско тапкање во место, што беше случај до успехот пред пет години. За тоа да не се повтори потребно е решавање на многуте проблеми кои го мачат македонскиот спорт, како што се финансиите, условите за работа, организацијата, а во случајов и малиот број на активни клубови.

„Во Макеоднија летниот период функционираат десетни клубови во зимскиот период само четири-пет клуба и тоа во Скопје и да бидам искрен со четири-пет клуба навистина е тешко остварливо секоја година да исфралате квалитетни натпреварувачи. Овој проблем не е проблем на Дејвис куп тимот, тоа е едноставно проблем на макеоднскиот тенис, меѓутоа дали тоа ќе се смени во престојниот период е многу тешко да се каже“, додаде селекторот Дејан Маринковиќ.
XS
SM
MD
LG