Достапни линкови

logo-print

Крст поголем од скопскиот


Ѓурѓовденскиот крст на влезот во Крагујевац

Ѓурѓовденскиот крст на влезот во Крагујевац

Градењето монументални верски белези станува секојдневие на Балканот. Огромни крстови и други нови верски објекти никнуваат насекаде. Какви пораки се испраќаат со ваквите прескапи обележја?

Деновиве на влезот во Крагуевац во централна Србија беше поставен голем крст кој е видлив за сите патници на српскиот дел од Коридорот 10, пат кој води кон Европа. Граѓаните на Крагуевац се поделни во врска со новиот крст.

„Можеби требаше да биде многу поголем и на повисоко место.“

„Имавме поважни работи, да им се помогне на луѓето. Крстови има, но не одат луѓето да се крстат.“

Малку појужно од Крагуевац, во Ниш, ќе се гради крст повисок од скулптурата на Исус Христос во Рио де Жанеиро која има само 38 метри и од Кипот на Слободата во Њујорк кој има 46 метри.
Крстот во Скопје е 67 метри. Ако веќе нешто правиме, барем нека е
единствено.


Со иницијаторот на овој проект Драган Милошевиќ разговараше нашиот новинар Бранка Михајловиќ:

„Тоа не е само крст, госпоѓо. Тоа е комплекс на Царот Константин. Тоа е крст со музеј, со амфитеатар, медија центар, ресторан, хотел. Тоа ќе биде белег на Ниш, родниот град на Константин.“

Крстот на влезот во Крагујевац


Милошевиќ наведува дека крстот ќе биде висок 82 метри и оти ќе биде најголем на Балканот. На прашањето како било решено за тоа тој вели:

„Според големината на другите. Во Скопје е 67 метри. Ако веќе нешто правиме, барем нека е единствено.“

Милошевиќ додава дека изградбата ќе чини околу два милиона евра и оти инвстираат граѓаните со добра волја, но и градот и државата. Социологот по религија Срѓан Баришиќ вели дека со поставувањето на вакви видливи верски белези, како веќе изградениот кај Крагуевац, се испраќаат сосема јасни пораки:

„Самото тоа што е лоциран на Коридорот 10 е асоцирање на оној основен мит за Србија како на бедем на христијанска Европа, дека сите Срби се православни и дека минувате низ православна земја.“

Тоа, според социологот Баришиќ, евоцира на времето кога раководството на Србија тврдело дека во 90-години го штитеше христијанството во судирите со Албанците или со некои други народи.

Тоа е сакрална архитектура, стил што се појавува по падот на државниот социјализам во источна Европа. Тогаш почна таа трка, така што во некои случаи доби и циркуски размери.


Професорот Вјекослав Перица кој се занимава со сакрална архитектура, пак, вели дека во поствоените држави во регионот дојде до натпревар во градењето верски објекти:

„Ми се чини дека тоа го нареков архитектура на триумфализам. Тоа е сакрална архитектура, стил што се појавува по падот на државниот социјализам во источна Европа. Тогаш почна таа трка, така што во некои случаи доби и циркуски размери.“

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG