Достапни линкови

Нова коордниација за Анкетна Комисија во Парламентот


Пратеничките групи во Собранието на Република Македонија денеска попладне треба да одржат нова координација за формирањето анкетна комисија, која ќе го разгледува инцидентот што се случи во и надвор од Парламентот на 1 јули. Пратеници на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера не постигнаа договор.
Пратеничките групи на СДСМ и на НСДП на средбата предложила нов, како што наведуваат, компромисен предлог - комбинација од нивниот, на владејачкото мнозинство и предлогот на претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски, додека намерата на ВМРО-ДПМНЕ се прашањата за анкетната комисија и Деловникот за работа на Собранието да се решат во пакет, пред претстојниот состанок на Комитетот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација следната недела.
XS
SM
MD
LG