Достапни линкови

logo-print

Висок американски дипломат во посета на Киргистан


Главниот советник на американскиот претседател за Русија и Евроазија Мајкл Мек Фол во Бишкек се сретна со привремената претседателка на Киргистан Роза Отунбаева. Мек Фол ги пренесол честитките од претседателот Обама за успешниот референдум за уставни измени, а на средбата станало збор за билатералните односи, парламентарните избори во Киргистан закажани за октомври, социо-економската состојба во земјата, како и за нормализацијата на ситуацијата во јужен Киргистан по неодамнешните крвави етнички судири.
XS
SM
MD
LG