Достапни линкови

Неколку стотици Перуанци годинава умреле од студ


Најмалку 362 лица, повеќето деца и старци, умреле од почетокот на годинава во Перу поради големите студови во регионот на Андите. Главна причина за смртта на овие луѓе биле тешките респираторни инфекции, соопшти министерството за здравство на оваа земја. Повеќето од жртвите живееле во јужниот дел на Перу, каде што температурите се спуштиле и до минус 22 степена, на локалитетот Масокруз кој се наоѓа на 4200 метри надморска височина во пограничниот регион кон Боливија.
XS
SM
MD
LG