Достапни линкови

Велешките реки загадени


Реката Вардар кај Велес
Реката Вардар кај Велес

Надлежните апелираат граѓаните да ја почитуваат забраната за наводнување и напојување на добитокот на реките во Велес

Трите реки кои течат во Велес се загадени. Бабуна и Тополка само во долните текови, додека Вардар од влезот до излезот на градот:
Во Вардар поради тоа што се вливаат сите комунални и отпадни води. Вардар е оптеретен со многу органски материи, со амонијак, нитрити.

„Во Вардар поради тоа што се вливаат сите комунални и отпадни води. Вардар е оптеретен со многу органски материи, со амонијак, нитрити”, вели епидемиологот д-р. Вера Ристова.

Во подобра состојба се реките Бабуна и Тополка. Тие се исправни за рекреирање и капење, но само во горниот тек. Резултатите од последните мерења за загаденоста покажуваат дека водата е од четврта категорија, што пак автоматски значи забрана за употреба:

„Тополка во долниот тек и бактериолошки и во однос на присуството на органски материи е во четврта класа. Исто Бабуна, инаку во горниот тек, тоа е чиста река, но во долниот тек е во четврта класа”, вели д-р. Ристова.
Тополка во долниот тек и бактериолошки и во однос на присуството на органски материи е во четврта класа. Исто Бабуна, инаку во горниот тек, тоа е чиста река, но во долниот тек е во четврта класа.


Токму поради загаденоста на Вардар и долните текови на Бабуна и Тополка, Заводот за здравствена заштита издаде забрана за користење на водите за наводнување на околните ниви, напојување на добитокот, но и за капење и рекреирање.

Спас од летните горештини, велешани може да побараат само на езерото Младост. Тоа бактериолошки постојано е во прва категорија, додека минимални отстапки се евидентирани во хемискиот состав на водата.

„Тоа се состојки што не се одразуваат штетно на здравјето на луѓето, така што водата во езерото Младост може да се користи за рекреација, наводнување”, вели д-р. Ристова.
XS
SM
MD
LG