Достапни линкови

ЕУ посветена на влезот на Турција во Унијата


Европската унија останува ангажарана за полноправното членство на Турција во Унијата, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Денеска во Истанбул се одржа средбата Турција-ЕУ, посветена на процесот на присоединување на земјата кон Унијата. Филе изјавил дека се разговарало за тоа не како Турција д апродолжи , туку како да постигне напредок. Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу, кој присуствува на средбата, изјави дека биле разгледани три главни теми - зајакнување на политичкиот дијалог Турција-ЕУ, хармонизирање на надворешната политика за регионални и глобални прашања и зголемување на заедничките напори за забрзување на процесот на присоединување на Турција кон ЕУ.

XS
SM
MD
LG