Достапни линкови

Над 80 полицајци повредени во Северна Ирска


Повеќе од 80 полицајци се повредени во судирите со млади демонстранти во еден од најголемите бранови улично насилство што ја зафати Северна Ирска со последната деценија, соопшти началникот на полицијата во Белфаст .Демонстрациите, кои од Белфаст се проширија и на други делови на британската провинција се поврзани со традиционалните паради на протестантскиот Портокалов ред на 12 јули. Стотици демонстранти во Белфаст се обидоа да го спречат минувањето на колоната протестанти, а маскирани луѓе ја гаѓаа полицијата со цигли, шишиња, камења и молотови коктели. Повод за судирите е 12 јули кога секоја година ирските протестанти со марш ја одбележуваат победата врз ирските католици во 1688 година.


XS
SM
MD
LG