Достапни линкови

Судот за човекови права ја опомена Словенија


Европскиот суд за човекови права ја опомена Словенија дека се уште не ги исполнила одлуките на својот Уставен суд и не ја исправила неправдата нанесена на жителите, избирашни од регистерот на население во време на прогласувањето на независноста. До Европскиот суд се обрати група избришани луѓе , која предупреди дека ним и е ускратена можноста за добивање на државјанство на Словенија. Европскиот суд констатира дека словенечките власти не сакале да го регулираат статусот на избришаните согласно одлуките на Уставниот суд на Словенија кој пресуди на избришаните да им се вратат сите права и бара си дополнителни одлуки статусот да им се регулира ретроактивно. Се проценува дека бројот на избришаните од регистерот на жители на Словенија се движи од 18 илјади до 25.700 луѓе.
XS
SM
MD
LG