Достапни линкови

Либискиот брод не се откажува од посетата на Газа


Израелски воен брод, пресретнал либиски брод со хуманитарна помош за Газа и му наредил на екипажот да се упати кон египетското пристаниште ел – Ариш. Но либискиот брод одбил, информираат од Меѓународниот хуманитарен и развоен фонд Гадафи.. Во соопштението од фондот Гадафи, се додава дека воениот израелски брод, се уште го следи либиското пловило. Бродот на фондацијата Гадафи, исплови во саботата од Грција со 2000 тони храна и лекови. Активистите се надеваат дека утре безбедно ќе стигнат во Газа. Израелската војска не го коментирала најновиот инцидент кој се случува еден месец по нападот на хуманитарниот конвој упатен кон Газа, при што загинаа девет активисти.
XS
SM
MD
LG