Достапни линкови

Кабинетот на Филе не издал соопштение по средбата со Црвенковски


Кабинетот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе не издало соопштение за минатонеделната средба со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, изјави портпаролот Ангела Филоте. Taa, на денешната редовна прес-конференција на Европската Комисија, не откри детали за содржината на разговорите меѓу Филе и Црвенковски. Единствено посочи дека моменталната состојба на односите на Македонија со ЕУ биле тема на разговор. Средбата на еврокомесарот со лидерот на опозицијата беше причина во медиумите да се појават различни информации околу содржината на разговорите и околу тоа дали канцеларијата на Филе издала официјално соопштение за состанокот.
XS
SM
MD
LG