Достапни линкови

Следната година ќе расте побарувачката на нафта


Светската побарувачка на нафта, идната година ќе биде во пораст, оценува Меѓународната агенција за енергија . Оваа проценка на ИЕА доаѓа како резултат на економскиот раст на земјите во развој и покрај падот на побарувачката за нафта на богатите држави. Aгенцијата, во извештајот предвидува дека светската побарувачка на нафта идната година ќе биде поголема за 1,3 милиони барели дневно и дека ќе достигне 87,8 милиони барели на ден. Побарувачката на нафта ќе се зголеми за 1,6 проценти. , но потрошувачката во богатите држави, што тежнеат кон подобро користење на енергијата, ќе продолжи да се намалува и идната година ќе биде за половина процент помала отколку во 2010 година, велат од Агенцијата.
XS
SM
MD
LG