Достапни линкови

logo-print

Животните трошоци растат


Луѓе во банка. Ќе ги покријат ли месечните примања, се повисоките трошоци?

Луѓе во банка. Ќе ги покријат ли месечните примања, се повисоките трошоци?

Спротивно на ветувањата за помалку давачки, животните трошоци на македонските граѓани од година во година се се повисоки.

Анонимни реакции за три пати повисок данок за имот. Жалби за високи сметки за струја, нови трошоци за зонско паркирање и поголеми давачки за итни постапки за патни исправи, се` навидум спротивно на предизборни ветувања за помалку давачки. Сево ова се случува во изминативе четири години, но реакциите се чини избледеа, а давачките си останаа исти. Дел од жителите на Скопје по неколку години не знаат дали денес имаат повисоки трошоци од порано. Запрашани дали денес се одвојуваат повеќе пари од домашниот буџет за расходи
Јас сепак сметам дека тоа е прашање на ментална структура, ментален склоп кој што ги прифаќа работите такви какви што се, се повинува, затоа што ете може да биде и полошо и во таа смисла прави компромис, наместо да направи граѓански отпор, да направи револт, да се организира против таквото собирање на
арач.
како данокот на имот, такси и уплати за лични документи и слично, анкетираните одговараат:

,,Да ви кажам не знам.“

„Не знам бидејќи одамна немам вадено. Данокот, не знам.“

Сепак, податоците покажуваат дека од 2007 година до денес, дел од трошоците на граѓаните се зголемиле. Освен поскапувањето на струјата, кое беше актуелно околу новогодишните празници, скопјани, а и повеќето жители на Македонија од џеб одвојуваат повеќе за данок на имот и уплати за лични документи, посебно за пасоши. Дополнително, повисоки давачки се и расходи за зонско паркирање, фирмарина за сопствениците на претпријатија како и закон за извршување согласно кој, од догодина, на граѓаните присилно ќе им се наплаќаат заостанатите сметки.

За илустрација: обичен пасош, со меки корици и без чип се вадеше за 1500 денари. Биометриски пасош со кој без визи се патува низ Европа, без такси исто така чини 1500 денари. Но, откако процедурата се искомплицира, а пасошкото одделение на МВР почна навидум да наликува на плоштадот Македонија за време на митинг, се воведоа и брзи постапки за издавање на оваа патна исправа. Од тука, секој што сака пасош, а не сака да чека по неколку месеци, треба да плати над 4.000 денари. Неофицијално, во медиумите се прошири и информацијата дека за супер-брза постапка за која наводно биле потребни 9.000 денари. Уште една илустрација: со воведувањето на новата методологија за пресметувањето на данокот на имот, на скопјани и прилепчани им пристигнаа три пати повисоки сметки за оваа обврска. Од тука се поставува прашањето: ако во изминативе неколку години се зголемуваат трошоците за одредени обврски, зошто граѓаните ги забораваат поскапувањата? Одговорот се крие во менталитетот, смета професорот Христо Карталов.

„Јас сепак сметам дека тоа е прашање на ментална структура, ментален склоп кој што ги прифаќа работите такви какви што се, се повинува, затоа што ете може да биде и полошо, да не добие пасош и во таа смисла прави компромис, наместо да направи граѓански отпор, да направи револт, да се организира против таквото собирање на арач.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG