Достапни линкови

Расмусен бара поголема западна поддршка за Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во интервју за денешното издание на весникот Дејли Телеграф изјави дека талибанците ќе ги интензивираат нападите врз меѓународните сили доколку ослаби западната политичка поддршка за Авганистан. Тој бара од земјите кои имаат свои војници во Авганистан да ги задржат таму се додека е тоа потребно. ,,Секоја дебата или двоумење во врска со тоа ги поттикнува талибанците да ги засилуваат нивните напади врз сојзничките сили,, вели Расмусен кој вчера во Лондон разговараше со британскиот премиер Дејвид Камерон.
XS
SM
MD
LG