Достапни линкови

По последните инциденти на северот на Косово се заостри и реториката на релацијата Белград, Приштина. Особено по најавата на косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи дека во северниот дел ќе испрател специјални полициски сили.

За претседателот на Србија Борис Тадиќ, изјавата на министерот Бајрам Реџепи дека специјалци треба да воспостават ред и мир во регионот под контрола на Србите кои не ја признаваат власта во Приштина, претставува отворена закана за војна.

Реџепи, пак, тврди дека Тадиќ лошо ја интерпретирал неговата изјава и оти повторно се обидувал да го поттикне стравувањето кај српската заедница на Косово.

„Ова е една фрустрирана изјава на Тадиќ кој и натаму има илузии за Косово. Тој не може да се меша во нашите внатрешни прашања, за тоа што работиме и како работиме во воспоставувањето на редот и законите.“

Реџепи прецизира дека косовската влада и ЕУЛЕКС веќе се договориле, на северот на Косово да се формира мултиетничка
Ова е една фрустрирана изјава на Тадиќ кој и натаму има илузии за Косово. Тој не може да се меша во нашите внатрешни прашања за тоа што работиме и како работиме во воспоставувањето на редот и законите
полициска единица која ќе се бори против криминалните активности и оти само во случај на висок ризик таму би биле испратени и специјаци. Според него, тие сили ќе се борат против криминалците без оглед на националната припадност.

Ив де Кермабон
Тоа го потврди и шефот на ЕУЛЕКС Ив де Кермабон кој вели дека нема никаков договор за разместување специјални сили на северот на Косово. Портпаролот на меѓународната цивилна канцеларија Енди Мекгафи, пак, изјави дека не треба да се поттикнуваат изјавите со кои само се затега состојбата на Косово.

„Одговорноста на сите, меѓународните организации, владините претставници и лидери на заедниците, е да создадат услови за демократски напредок. Сите се дел од таа одговорност и затоа не треба да даваат изјави кои предизвикуваат загриженост и страв.“

И покрај корекциите, изјавата на Реџепи предизвика реакција кај Србите на северот на Косово. Раденко Недељковиќ, претседател на косовско-митровичкиот округ, орган под ингеренција на белгардските власти вели:

„Доколку би дошло до уфрлување на специјалните единици јас сум сигурен дека српското и другото неалбанско население на северот на Косово ќе се самоорганизира, а очекувам и одредена поддршка од матицата Србија.“

Тоа, како и реакцијата на Тадиќ за објава на војна, може да се смета и како закана од властите во Белград, кои Приштина постојано ги обвинува дека со своите тајни канали поттикнуваат нестабилност на северот тогаш кога тоа им одговора на
Доколку би дошло до уфрлување на специјалните единици јас сум сигурен дека српското и другото неалбанско население на северот на Косово ќе се самоорганизира, а очекувам и одредена поддршка од матицата Србија.
интересите на Србија.

Аналитичарот Душан Јањиќ смета дека последните реакции на Белград покажуваат дека актуелната српска политика спрема косовското прашање е во колапс:

„Беше логично да се очекува Белград на некој начин да реагира и да им покаже на Србите на Косово дека не треба да се плашат од Реџепи. Сепак, мислам дека претседателот Тадиќ со таа реторика дотури повеќе масло на огнот отколку што беше потребно.“

Северот на Косово постојано се наоѓа во атмосфера на исчекување на нови судири како оние од 2 овој месец. За 15 јули Приштина најави отворање на судот во српскиот дел на Митровица, потег кој може да доведе до нови тензии во градот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG