Достапни линкови

Ослободени кубански дисиденти


Првата група политички затвореници кои кубанската влада се согласи да ги ослободи се очекува денеска да пристигнат во Шпанија. Седумтемина поранешни затвореници и нивните семејства се првите од 52 дисиденти што Куба треба да ги ослободи според договорот постигнат со посредство на Римокатоличката црква и шпански дипломати. Тоа е најголемо ослободување на политички затвореници во Куба во последниве десет години.
XS
SM
MD
LG