Достапни линкови

Во Уганда апсења по бомбашките напади


Во Уганда биле изврешени апсења по двата бомбашки напада во главниот град Кампала во кои загинаа најмалку 74 луѓе кои на телевизија го следеле финалето на Светското првенство во фудбал. Претставник на владата не прецизира колку луѓе биле уапсени, но изјави дека до апсењата дојде откако бил открен трет нексплодиран појас бомба. Сомалиската милитантна група Ал Шабаб која има врски со Ал Каида ја презеде одговорноста за нападите. Уганда има војници стационирани во Сомалија, како дел од мировните сили на Африканската унија.
XS
SM
MD
LG