Достапни линкови

Францускиот парламент за забрана на исламскиот превез


Долниот дом на францускиот парламент денеска треба да гласа за законот со кој се забранува носење исламски превез во јавноста. Поддржувачите на законот велат дека тоа е спротивно на секуларните вредности на Франција и потенцијална закана за безбедноста. Противниците пак, сметаат дека со тоа се нарушуваат индивидуланите права што е спротивно на Уставот. Во Франција живеат околу 5 милиони муслимани, што е најголемата муслиманска заедница во Западна Европа. Франција е втора европска земја по Белгија која сака да го забрани исламскиот превез.
XS
SM
MD
LG