Достапни линкови

Ирански научник во пакистанската амбасада во САД


Иранските државни медиуми објавија дека исчезнатиот нуклеарен научник за кој Техеран тврди дека бил киднапиран од ЦИА побарал засолниште во амбасадата на Пакистан во Вашингтон. Се прецизира дека Шахрам Aмири се наоѓал во иранската секција на пакистанската амбасада и оти побарал брзо враќање во Иран. Техеран и Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи по Исламаската револуција во 1979 година и оттогаш иранските интереси во Соединетите држави се управувани од амбасадата на Пакистан. Техеран тврди дека Амири бил киднапиран од агенти на ЦИА во минатата година во Саудиска Арабија. Тоа е негирано од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG