Достапни линкови

Вграден вентил на пукнатата нафтена цевка во Мексиканскиот залив


Компанијата „Бритиш Петролеум“ успешно вгради штоп-вентил на пукнатиот одвод на подводниот нафтен извор во Мексиканскиот залив. Од британскиот гигант велат дека денеска би требало да се провери дали со новиот вентил е комплетно сопрен истекот на нафтата во водите на заливот. За сега не се знае дали за време на проверката на „затката“ ќе се испушти нафта во океанот. Инаку, истекот на нафтата беше предизвикан од експлозија на платформа во сопственост на британската фирма. Настанот беше прогласен за најголема еколошка катастрофа во историјата на Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG