Достапни линкови

Нови обвиненија против суданскиот претседател


Хашкиот трибунал додаде нови обвиненија за геноцид во тужбата против претседателот на Судан Обар ал – Бешир. Во налогот се наведува дека лидерот се товари за „постапки со намера за уништување на етнички групи“. Хашкиот трибунал издаде налог за апсење на суданскиот претседател во 2009 година поради воена интервенција на суданската војска во регионот Дарфур. Новиот налог потврдува дека Хашкиот трибунал е политички суд, изјави суданскиот Министер за информации Камал Обеид.
XS
SM
MD
LG