Достапни линкови

logo-print

Почна „Охридско лето“


Со концерт на нашиот најпознат пијанист Симон Трпчевски под диригентство на маестро Михаел Плетњов во Античкиот театар во Охрид започна ,,Охридско лето".

50-тото Охридско Лето на свеченото отворање годинава со две славни светски уметнички имиња, со концерт на нашиот најпознат пијанист Симон Трпчески и музички виртуоз од Русија Михаил Плетњов, диригент со Рускиот национален оркестар на Античкиот театар во Охрид со музичко-театраски спектакл режиран специјално за јубилејното отворање од познатиот Македонски режисер во Русија Иван Поповски и Зоја Бузалковска. На настапот во Охрид му претходеше педофилскиот скандал, за што Плетњов беше уапсен во Тајланд, што ги исполни светските медиуми со топ вести, во кои се спомнуваше и нашиот фестивал.
Сметавме дека една таква комбинација би била идеална, врвен странски диригент со врвен Македонски солист


„Таа содржина беше и претходно договорена и тоа што се случи беше многу бргу пред стартот на фестивалот, така да немаше што да бегаме ние од таа содржина. Се тргнуваше од една концепција која беше генерално за целата програма, а тоа е ретроспективата на фестивалот, односно за овие 50 години уметници кои продефилирале во програмата на фестивалот. Меѓу нов и е Михаил Плетњов и се разбира и нашиот виртуоз Симон Трпчески. Од друга страна сметавме дека една таква комбинација би била идеална, врвен странски диригент со врвен Македонски солист“, вели вршителот на должноста директор на Охридско Лето Васил Зороски.

Михаил Плетњов

За маестро Плетњов кој како врвен уметник го сметаат за Руско национално богатство, нашиот фестивал како еден од ретките што опстојува долго и успештно е Европско културно наследство.

„Јас секако знам колку е тешко во сегашно време, секоја година да се одржуваат фестивалите, секако на високо ниво, и уште повеќе да се издигнува фестивалот нагоре. Затоа сакам да им честитам на луѓето кои се занимаваат со фестивалот, што успеале во тоа.“
Јас секако знам колку е тешко во сегашно време, секоја година да се одржуваат фестивалите, секако на високо ниво, и уште повеќе да се издигнува фестивалот нагоре. Затоа сакам да им честитам на луѓето кои се занимаваат со фестивалот, што успеале во тоа


Плетњов, кој најчесто ги изведува руските музички класици, го нарече нашиот Симон Трпчески еден од избраните нови таленти што ќе ја носат класичната музика во светот во иднина, а Античкиот театар сцена со одлична акустика и совршен древен амбиент. Во следните 40 фестивалски денови Охридско Лето ќе понуди 25 концерти, 13 театарски, една балетска претстава и еден оперски гала концерт. Звезди на фестивалот се Австрискиот виолинист Џулијан Рахлин, Руските уметници диригентот Павел Коган, син на славниот Леонид Коган, виолинистот Виктор Третјаков и пијанистите Николај Лугански од Русија и Рамзи Јаса од Египет. Единствената театарска премиера е "Хамлет" со Драмскиот театар од Скопје, на режисерот Дејан Пројковски. Што за Охриѓани значи 50-тиот роденден на фестивалот, што ја пренесе приказната за Охрид и Македонија во светот.

„Практично израснавме со фестивалот заедно и се вплотивме. Во почетните години кога бевме помлади, можеби не ја сваќавме тежината на оваа работа, која е слатка тежина, но како минуваа годините, стануваше се поинтересно,бидејќи се работи за контакти со луѓе кои се неверојатно различни по своите карактери, специфики и уметнички квалитети. Многу возбудувања, дури и незгодни настани имало, но тоа се фестивалите, што во секој случај е многу интересно“, вели директорот Зороски.

Тој четири децении работи во фестивалот, кој за 50-тиот јубилеј од покровителот претседателот на државата Ѓорѓи Иванов доби орден за заслуги за Македонија, за долгогодишно успешно претставување на Македонското и светско творештво, за промоција на Македонската култура и афирмација на Македонија во светот. Прославата започна со две изложби на проектите за иднината на Охрид од Борис Чипан и Јоне Јанкоски и за најдолгата јагула од дрво во Охридското Езеро со 50 скулптури во знак на фестивалскиот јубилеј на Сергеј Цингуловски. Охридско Лето трае до 20-ти август.
XS
SM
MD
LG