Достапни линкови

150 питомци се обучуваа на Меѓународниот кампус


Питомци учесници на првиот Меѓународен летен камп на Криволак

Питомци учесници на првиот Меѓународен летен камп на Криволак

150 питомци од Македонија, од Србија, Турција и Америка успешно ја завршија обуката на првиот Меѓународен летен кампус на Криволак.

Воениот полигон Криволак освен за обука на припадниците на АРМ и на земјите членки и подржувачи на НАТО се покажа како извонредно место и за обука на питомци. Првиот меѓународен кампус на кој учествуваа 150 питомци од Македонија, Србија, Турција и САД покажа дека Криволак е единствно место каде може теоретски совладаниот материја да се надополни со практични вежби. За мајор
Ова преставуваше голема можност за нив да видат на каков начин и со какви предизвици ќе се среќаваат во текот на изведувањето на меѓународни воени операции
Методи Хаџијанев огранизирањето на кампуси е можност за целосна едукација на питомец кој по завршување на воената академија ќе биде обучен да се справи со предизвиците .

„Ова преставуваше голема можност за нив да видат на каков начин и со какви предизвици ќе се среќаваат во текот на изведувањето на меѓународни воени операции со оглед на тоа што различните јазици, различните култури и ред се различните традиции треба да се вокомпонираат се со една цел, да се постигне единствената цел“, рече мајорот Хаџијанев.

Питомците велат дека кампусот бил напорен но и неоходен за стењкнување на лидерски вештини. Имало време и за дружење и запознавање со убавините на Македонија. Десетдневната теренскаат обука ја завршија со показна вежба.

„Прекрасно е да се работи со колеги од други земји како што се Србија, Турција и Македонија. Сите ние одлично соработувавме. Една од убавите работи всушност кога работиш со сојузниците е осознавањето дека тие се исти како тебе, дека сите тие имаат чуства и емоции.“
Прекрасно е да се работи со колеги од други земји како што се Србија, Турција и Македонија. Сите ние одлично соработувавме. Една од убавите работи всушност кога работиш со сојузниците е осознавањето дека тие се исти како тебе, дека сите тие имаат чуства и емоции


„Десет, тринаесет дена се дружевме одлично, споделувавме чуства, емоции, мислам дека беше многу убаво овде.“

„Како питомци си поминавме супер на летниот кампус, се дружевме, научивме многу од другите земји“, рекоа питомци од САД, Турција и Македонија.

Теоретската и практичната обука која ја имаа питомците ја изведоа воени експерти. Стефан Померој, раководителна катедра на НОРИЏ универзитетот во САД вели дека неопходно е организирање на вакви кампуси.

„Мислам дека реализиацијата на летниот камп е одлична идеја. Питомците кои учествуваат годинава беа од САД, Македонија, Србија И Турција тие одлично соработуваа, многу добро се разбираа. Ова е многу добро искуство кое ќе се применува во иднина.“

Организаторите, Министерството за одбрана и Воената академија најавија дека овој кампус ќе стане традиционален.
XS
SM
MD
LG