Достапни линкови

Македонците и Албанците немаат исти приоритети


На прашањето што е поважно - зачувување на името или влез во ЕУ и НАТО 66,5 проценти од испитаниците се одлучиле за името наспроти 26,2 проценти за влез во евроатлантските структури. Тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење нарачано од Секретаријатот за европски прашања што во периодот меѓу 3 и 4 јули на репрезентативен примерок од 1.110 испитаници го изработи Институтот за политички истражувања Скопје. Сепак, резултатите драстично се разликуваат според етничката припадност на анкетираните. За 82,1 процент од Македонците името е пред ЕУ и НАТО, кај Албанците пак 18,1 процент се изјасниле за зачувување на името наспроти 77,8 за влез во ЕУ и НАТО
XS
SM
MD
LG